А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

За шест месеци превезени 22,6 милиони патници со ЈСП „Скопје“

by А1он24/08/2018 - 11:22180
Share0

Во првите шест месеци од 2018 година автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ превезле 22,6 милиони патници. Најголемиот дел од нив се возеле во март, а најмалку во јануари. На градските улици секојдневно сообраќале 277 возила на ЈСП „Скопје“, а 206 на приватните превозници. Во споредба со истиот период лани, годинава е регистриран зголемен број на возила во дневен сообраќај за 0,5 отсто во просек дневно.

Следете a1on на Instagram Instagram

Бројот на продадени персонализирани билети е зголемен за 2,6 отсто во споредба со истиот период лани, односно продадени се речиси 20.000 билети повеќе.

– Значително е зголемувањето на продажбата на доплатни билети за возрасни, како и на годишните билети за градските линии. Токму посочените категории билети го сочинуваат и најголемиот број од продадени персонализирани билети, информира Град Скопје.

Зголемен е и бројот на неперсонализирани билети за 25,9 отсто или за речиси 825.000 билети. Статистиката на јавното претпријатие покажува дека значителен пораст во споредба со истиот период лани е забележан при плаќање на билет со мобилен телефон. Лани во периодот јануари/јуни биле платени 100.528 билети со мобилен телефон, а годинава во истиот период дури 782.075 билети.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во првите шест месеци од годинава преземени се конкретни мерки за долгорочно задолжување на ЈСП „Скопје“ кон меѓународна кредитна институција во износ од 10 милиони евра за купување нови еколошки автобуси. Во зависност од понудената цена на понудувачите, се очекува да се набават 30-40 возила на гас. Согласно со планираната динамика на постапката, се очекува новите возила да бидат набавени идната пролет.

– Во првото полугодие од годинава дел од јавниот сообраќај беа три автобуси на гас и еден на струја. Нивните производители/дистрибутери ги отстапија на бесплатно користење, а тој период се искористи за да се добијат конкретни искуства и резултати од нивната примена во јавниот превоз, односно да се утврди кој тип на автобус би бил најповолно решение за јавниот автобуски превоз во градот, потсетуваат од Град Скопје.

Во првите шест месеци од годинава со жичницата се превезени 132.035 патници. Најголем дел билети биле продадени на возрасни лица – 83.884, а значителен е и бројот на продадени групни билети, 7.804 за возрасни и 3.416 за деца.

Кон крајот на мај заврши договорот меѓу ЈСП „Скопје“ и фирмата-мастер дилер за продажба на нивните услуги. ЈСП „Скопје“ целосно ја презеде под своја надлежност дистрибуцијата на картичката „Скопска“. Оспособени за продажба и надополнување на „Скопска“ се 32 билетарници на ЈСП „Скопје“, како и деведесет локации од секундарната продажна мрежа (маркети, трафики), а нивниот број секојдневно расте.

jsp

Би можело да ве интересира

Мустафаоглу: Ако договорот со „Маратон“ е чист зошто ЈСП со месеци го крие?

Предраг Петровиќ09/05/2026 - 09:3309/05/2026 - 12:15

За Бадник и Божик автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

Горан Наумовски05/01/2026 - 12:28

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Горан Наумовски30/12/2025 - 15:00

Автобусите на ЈСП денеска возат по неделен возен ред

Горан Наумовски08/09/2025 - 08:5408/09/2025 - 09:27

Тешко повреден маж од Скопје, паднал во автобус на ЈСП

Горан Наумовски03/09/2025 - 14:24

ЈСП-Скопје тврди: Жичницата на Водно е безбедна, во моментот се врши сервис

Горан Наумовски18/08/2025 - 07:36
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто