За Шаленберг Скопје и Тирана треба да добијат датум, за Димитров две е подобро од една, но една е подобро од нула

Од:

Австриската позиција е јасна – Северна Македонија и Албанија треба да добијат датум за почеток на преговори на претстојниот Европски совет, следната недела, а во интерес на Скопје е Тирана да почне преговори – тоа е добро за земјава, за соседната држава, регионот, но и целокупната геополитичка состојба.

Овие ставови денеска ги изнесоа шефовите на дипломатиите на Австрија и Северна Македонија, Александер Шаленберг и Никола Димитров на заедничката прес-конференција во Министерството за надворешни работи,

На прашањето колку е можно Европскиот совет следната недела во Брисел да ги одвои Северна Македонија и Албанија во однос на датумот за почеток на преговорите австрискиот сојузен министер за Европа, интеграција и надворешни работи, Шаленберг истакна дека не сака да суди за дискусиите што ќе се водат тогаш.

– Нашата позиција како Австрија е јасна. Веруваме дека и двете земји и Северна Македонија и Албанија треба да бидат поканети од страна на Брисел и да почнат преговори, рече Шаленберг.

Димитров нагласи оти на ова прашање може да се одговори од три аспекти.

– Имаме државен интерес соседна Албанија да направи чекор напред ние сме добри соседи, тоа е добро за нас, пред се за Тирана, но и за вкупната атмосфера и геополитичка ситуација на Балканот. Второ процесот на пристапување е процес кој е фокусиран на индивидуално постигнувања и ако правите групи земји се руши логиката на условеноста на процесот и трето не смееме да дозволиме една да биде жртва на другите, две е подобро од една, меѓутоа една е подобро од нула, што е неуспех и за самата ЕУ и може да ја урне самата политика на проширување, истакна Димитров.

Би можело да ве интересира

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани

МНР: На девет амбасадори им завршува мандатот, неточни се информациите објавени на дел од порталите

Филипче покажа недоволно познавање на меѓународната политика, реагира Министерството за надворешни

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација

Македонија ќе добие нови амбасадори во Украина, Јапонија и Хрватска

МНР ќе бара објаснување од Србија зошто е протерана македонска државјанка од Белград

Горан Наумовски