А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

За СДСМ, Законот за пушење е дефокус на власта

by А1он25/01/2026 - 16:53219
Share0

Секогаш кога ВМРО нема одговор за проблемите на граѓаните, за тешката економска состојба, за тендерите, оската со Орбан и Вучиќ, се пушта приказната во јавноста за деофкус. Последен пример: Законот за пушење, велат од СДСМ.

Добивај вести на вибер

– Доволно е граѓаните да ги погледнат временските периоди на сите претходните најави и објави за овој закон, особено после важните објави на СДСМ, и сè е јасно. Идејата на власта е сите граѓани да зборуваат за забраната за пушење, сопствениците на мали локали да се грижат за својот бизнис… а никој да не зборува за криминалот на власта, тендерите, мигрантите, бизнис интересите на Орбан со нов мобилен оператор. Граѓаните треба да знаат дека ова служи само за дефокус. Зошто? Поради тоа што ова е усогласување со прописите на ЕУ а како сите што знаат тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не ги интересира Европа. Нив ги интересира изолацијата и тендерите. Тука се и 4.000 сопственици на мал бизнис и голем број граѓани кои ВМРО не сака да ги налути. Дали сега е јасно за што служи дефокусот и ваквите вести? Со темите за дефокус како што е црната кампања против СДСМ, Харис Џиновиќ, Жан Митрев и слични измислици оди дефокус и со Законот за пушење, се вели во соопштението од партијата.

sdsmzakon za pushenje

Би можело да ве интересира

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 14:0617/03/2026 - 17:20

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 13:3017/03/2026 - 13:34

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 12:4317/03/2026 - 17:22

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Катерина Ѓуровски10/03/2026 - 13:35

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 17:25

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски07/03/2026 - 14:3207/03/2026 - 14:38
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен