За Рашковски и за обвинетите, сѐ е легално во набавката на софтверите и делењето хонорари: Не сме виновни

Од:

Ниту ексгенералниот секретар Драги Рашковски ниту некој од другите шестмина обвинети се чувствува виновен за набавката на софтверите, кабините, камерите, како и за земањето хонорари од Владата, без извршување работни задачи. Некои од нив не разбираа ниту за што се обвинети, а други не го разбираа правниот дел од обвинението. Адвокатот Владимир Доневски посочи дека ќе ја докаже и невиноста на неговиот клиент.

„Ги разбирам зборовите во целост, семантички, правно – не. Апсолутно немам вина“, рече прв Рашковски.

Управителот на фирмата „Инвока груп“, од каде што Владата го набавила софтверот за мерење брзина на возилата, рече исто така дека не се чувствува виновен.

„Јасно ми е сѐ. Апсолутно немам вина, не признавам вина“, „Не се согласувам со обвинителниот акт и не се чувствувам апсолутно виновен“, „Не ми е јасно за што сум обвинета и не се чувствувам виновна“, беа одговорите на другите обвинети.

Адвокатот Владимир Доневски, кој го застапува Драги Рашковски, рече дека ќе докажат оти системот за мерење брзина на возилата е имплементиран, а со тоа биле реализирани и обврските на фирмите.

„Ќе го дискредитираме вештачењето“, рече Доневски, бидејќи не било направено во согласност со упатството и други важни параметри. „Рашковски им овозможил на сите економски оператори да учествуваат во фер и правична постапка“, додаде адвокатот бидејќи Рашковски е обвинет дека ги наместил двата тендера преку кои се купувале софтверите, кабините, камерите. „Тврдењата дека обвинетиот ја злоупотребил службената положба за преку авторските договори да прибави корист, ќе ги дискредитираме заедно со доказите шот ги понудил јавниот обвинител“.

Би можело да ве интересира

Укинат куќниот притвор за Драги Рашковски

Катерина Ѓуровски

Осуден во „Софтвери“ ја запроси девојката во судница: „Прекрасен момент, нека ви е со среќа“, им честиташе судијката

Орце Костов

Во Кривичен денеска ќе биде објавена пресудата за случајот „Софтвери“

Одбраната на Рашковски побара ослободителна пресуда за случајот „Софтвери“

Завршни зборови за „Софтвери“ во Кривичен

Рашковски: Софтверот е целосно реализирани во првите 80 дена