А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

За проекти за граѓанскиот сектор за Македонија наменети 1,2 милиони евра од ЕУ

by А1он21/03/2013 - 13:4521/03/2013 - 14:07134
Share0

Зацврстување на улогата на граѓанскиот сектор во развојот на јавната политика и донесувањето одлуки преку поголема отчетност и промовирање на недискриминација и социјална инклузија и социјални права се приоритетите на годинашниот јавен повик за предлог проекти на Европскиот инструмент за демократија и човекови права (EIDHR).

Добивај вести на вибер

Алесандро Ангиус, новиот координатор на Европскиот инструмент за демократија и човекови права при Делегацијата на ЕУ во Македонија на денешната средба со претставници на невладиниот сектор ги изложи новините што ги носи овој јавен повик кој е објавен пред неколку недели.

– Со промовирање на отчетноста на институциите улогата на граѓанскиот сектор би можела да биде фундаметална при усвојување на националниот буџет или мониторинг на кој начин владата ги троши јавните средства. И во поглед на областа на човековите права, целта е да се обезбеди повисок степен во однос на почитување на овие права, рече Ангиус.

ЕИДХР е инструмент кој ги покрива најголем дел од земјите во светот, а особено е важен за земјите во развој. Инструментот е важен и за земјите од Балканот, особено оние како Македонија кои се во процес на пристапување за членство во ЕУ, бидејќи им помага во тој процес и цели кон Копенхашките критериуми во делот на заштитата на малцинските права и почитување на човековите права и слободи и владеење на правото.

ЕИДХР е дизајниран на начин да му помогне на граѓанското општество да постигне резултати во областа на човековите права и фундаментални слободи. Инструментот е единствен по својата природа затоа што за разлика од ИПА, го одредуваат Делегацијата на ЕУ во директна комуникација со граѓанското општество. Воедно, тој е комплементарен на ИПА бидејќи помага за градење на капацитетите на граѓанското општество.  

Вкупно 1,2 милиони евра изнесуваат средствата кои оваа година во рамки на ЕИДХР се наменети за Македонија. Рокот за поднесување апликации за проекти што ќе се финансираат преку овој инструмент истекува на 12 април годинава.

eu

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Горан Наумовски31/03/2026 - 21:23

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он28/03/2026 - 09:21

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Горан Наумовски27/03/2026 - 08:35

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски27/03/2026 - 07:4627/03/2026 - 07:46

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

Горан Наумовски23/03/2026 - 08:42

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија

Горан Наумовски20/03/2026 - 14:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто