За продолжениот викенд многу топло време со попладневна нестабилност

Од:

Во деновите од викендот ќе се задржи топло време со попладневна нестабилност.

Особено во сабота во попладневните и вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Како што соопштија од УХМР, локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град.

Времето утре сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност.

Во северните делови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. UV=9

Во Скопје сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност.

Во вечерните часови во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и краткотрајно невреме.

Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 39 степени.

Би можело да ве интересира

Денеска претежно облачно со слаб локален дожд

Сообраќајот на патот Кичево-Гостивар е нормализиран

Катерина Ѓуровски

Денеска променливо облачно со локални врнежи од дожд

Денеска променливо облачно со повремен дожд

УХМР најавува обилни локални врнежи и снег на повисоките места

Горан Наумовски

Променливо облачно и топло, можен слаб дожд