А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

За празниците да се користат алтернативните патишта до манастирот Св. Јоаким Осоговски

by А1он30/04/2015 - 14:17175
Share0

Сите туристи кои за време на продолжениот празничен викенд ќе ја посетат Крива Паланка и најпосетуваната дестинација во општината, манастирот Свети Јоаким Осоговски, да ги користат двата алтернативни патни правци до манастирот бидејќи на постојниот асфалтен пат има поголемо свлечиште и одрони, апелира денеска градоначалникот на општина Крива Паланка Арсенчо Алексовски.

Добивај вести на вибер

На асфалтниот пат до манастирот сообраќајот се одвива отежнато поради одроните кои се појавија неодамна на делот на околу 150-200 метри од исклучувањето од главниот пат кон манастирот, а од 27 овој месец активна е забрана за сообраќање со целосен прекин во ноќните часови во периодот од 19 часот попладне до 9 часот наутро.

Според Алексовски, со оглед на најавените добри временски услови за деновите од викендот, се очекува во манастирот да дојдат илјадници туристи од околните градови и земјава, кои треба да ги користат алтернативните патни правци.

– Поради најавеното одлично време очекуваме како и секоја година голем број туристи во општината за време на првомајските празници. За пристап до манастирот ќе можат да го користат т.н. „Руски пат“ како и пробиениот нов пат кој од главната улица во градот преку земјен пат води до големиот свиок на постојниот асфалтен пат, изјави Алексовски.

Од општина Крива Паланка апелираат за крајно внимателно управување со возила до сите учесници во сообраќајот во претстојните денови, а од територијалната противпожарна единица нагласуваат сите кои ќе престојуваат во природа да ја почитуваат забраната за палење оган на отворен простор бидејќи зголемените температури се дополнителен ризик за појава на пожари.

patista

Би можело да ве интересира

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он21/10/2025 - 16:4021/10/2025 - 16:24

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски01/09/2025 - 14:57

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Предраг Петровиќ31/08/2025 - 12:14

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Горан Наумовски01/06/2025 - 09:00

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

Горан Наумовски14/01/2024 - 08:29

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on18/10/2023 - 12:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен