За пожарот во Којник осомничен 33 годишниот Ј.Ј.

Од:

Според СВР Велес триесет и три годишниот велешанец Ј.Ј. е осомничен дека го предизвикал синоќешниот пожар во куќата во која живеел во велешки Којник.

– Ј.Ј. со пожарот предизвикал општа опасност, за што полицијата до судот утре ќе поднесе и соодветен прекршочен поднесок, информира Ненко Александров од СВР Велес,
Пожарот избувна синоќа околу 21 часот во стар дел од куќа на улица „Кирил Пејчиновиќ“ бр.13, во месноста Којник во Велес, а во која живеел осомничениот. Во пожарот од керамидите на покривот излегувал силен оган и имало опасност да бидат зафатени електричните кабли на бандерите и соседните куќи кои се залепени една до друга во густо населениот Којник. Сепак со брзата интервенција на пожарникарската екипа од Противпожарната единица од Велес пожарот по два часа бил целосно изгаснат, велат од велешката полиција.

Би можело да ве интересира

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба