За позајмени 35 илјади евра, 15 илјади камати, дополнителни 3000 за секoј месец, фатен лихвар и нотар кој му помагал

Од:

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Т.В.(39) од с.Неготино, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „лихварство“, „употреба на исправа со невистинита содржина“, „фалсификување на исправа“ и „злоупотреба на лични податоци“ и против Ј.Д.(48) од село Добри Дол, гостиварско и правно лице-нотар од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно вршење на службата“, „фалсификување на исправа“ и „злоупотреба на лични податоци“.

Од 2022 година па до денот на пријавување, пријавениот Т.В. ја искористувал тешката имотна состојба на лице од Гостивар и во повеќе наврати му позајмувал пари со несразмерно висока камата. Имено, за заем од 35.000 евра, за една година му побарал камата од 15.000 евра, а потоа за истиот долг секој месец му барал камата од 3.000 евра.

Бидејќи оштетениот не можел да ја врати каматата, Т.В. со сила и со закани го присилил да склучи договор за купопродажба на имот, заверен кај нотар. На 27.09.2023, пријавениот направил фалсификуван купопродажбен договор за моторно возило кај нотарот во период кога оштетениот бил надвор од државата.

Второпријавениот, кривичното дело го сторил како овластено лице на третопријавено правно лице – нотар, на тој начин што на 27.09.2023 без согласност и без присуство на оштетениот, прибрал, обработувал и користел лични податоци на оштетениот и заверил лажен договор за купопродажба на моторно возило, во кој е наведено дека сопствениот на возилото му го продава на И.А. од Гостивар во износ од 1.000 евра, во период кога оштетениот бил надвор од државата.

Би можело да ве интересира

Повредена скопјанка на концерт во КИЦ, врз неа паднала решетка од вентилација

Во „киа“ стуткани 10 мигранити, фатен криумчар во Гевгелија

23-годишник сексуално злоставувал петгодишно девојче

Катерина Ѓуровски

Разбојништво во Скопје: го претепале за да му земат 8.800 денари

53-годишен скопјанец тепал дете со клоци и тупаници на улица, го удрил со рачка од нож и му ги исекол гумите на велосипедот

Убиен жител на Конче за време на лов, во него случајно пукал друг ловџија

Катерина Ѓуровски