За потешко повредените од дискотеката во Кочани ќе треба подолгорочна и попрофесионална рехабилитација

Од:

Неколку западноевропски држави понудиле подолгорочна рехабилитација на потешките пациенти, соопшти министерот за здравство Арбен Таравари на денешната прес-конференција, каде информираше за состојбата на пациентите повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март.

Тој рече дека веќе била изразена подготвеност за оние пациенти каде ќе треба „подолгорочна и попрофесионална рехабилитација“.

– Во следните денови ќе известиме и каде може да бидат сместени тие пациенти, доколку има потреба за подолготрајна рехабилитација. Најверојатно од тие потешките, сигурно некои ќе имаат и таква потреба, рече Таравари.

Тој информираше дека од оние кои се лекуваат надвор од државата, вкупно 115, во критична состојба остануваат четири до пет пациенти.

– За жал, четири-пет пациенти се во посериозна состојба, некаде има и влошување, меѓутоа нашите колеги во болниците каде овие пациенти се лекуваат се обидуваат да дадат максимум од себе за да го поминат овој тежок период, појасни Таравари.

Би можело да ве интересира

Судење за „Пулс“: Обвинителството презентира докази за „Рубикон“ – агенцијата што ја обезбедуваше опожарената дискотека

Судење на „Пулс“: Се презентираа докази за инспекциските надзори во дискотеката

ВИДЕО: „Не го оставаат гробот на мојот син“ – таткото на загинатиот тапанар од ДНК реагира на 14 кражби од гробот на Ѓорѓи

Катерина Ѓуровски

На рочиштето за „Пулс“ презентирани записници од инспекциски контроли и документација за градба

Обвинителство во судница презентираше видеа од настапот на ДНК и моментот кога избувна пожарот во „Пулс“

А1он

Девојка сведочеше за трагедијата во „Пулс“: Настана паника по извикот „се запали“