За помалку од 24 часа приведени четворица криминалци барани со потерници за 41 година затвор

Од:

Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек за потраги со асистенција на Единицата за специјални задачи за помалку од 24 часа приведоа четворица криминалци барани со потерници за издржување затворска казна во траење од 41 година.

Од МВР информираат дека утринава во 03 часот, постапувајќи по Оперативната акција „Бегалец“ полициски службеници од СМПС-Отсек за потрага во близина на граничен премин Табановце го приведоа М.З. (39) Скопје по распишана меѓународна потерница во врска повеќе кривични дела и ефективна затворска казна од 19 години.

Како што посочуваат, во 02:00 часот полициски службеници од СМПС – Отсек за потрага со асистенција на Единица за специјални задачи го привеле А.Ф. (28) од Скопје баран со две централни и меѓународна потерница за вкупна казна затвор од девет години и шест месеци во КПУ Затвор Идризово.

Вчера во 14:50 часот, полициски службеници од Сектор за меѓународна полициска соработка-Отсек за потраги со асистенција на Единицата за специјални задачи на ул.„Страшо Пинџур“ бб го привеле Г.Е. (43) од Тетово баран со меѓународна потерница од 2008 година од Основен суд Тетово, за издржување затворска казна од 6 години и 5 месеци во врска со член 123 ст.1 од КЗ на РСМ, а се барал од 2008 година.

-На 14.12.2020 во 10:30 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка -Отсек за потрага со асистенција на Единицата за специјални задачи во село Требош-тетовско го приведоа Р.Ф. (47) од с.Требош, кој се барал со меѓународна потерница од Основен суд Тетово во врска со чл.418а ст.2 од КЗ на РСМ за затворска казна од шест години.. Лицето е спроведено во казнено поправна установа, се наведува во соопштението на МВР.

Би можело да ве интересира

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба