За плата од 40 илјади денари, ЈСП бара раководител на сектор за поддршка на директорот

Од:

ЈСП Скопје објави оглас со кој вработува 12 јавни службеници на различни позиции. Се бара раководител на сектор за поддршка на директорот за чиста плата од 40.798 денари. Условот за оваа позиција е апликантот да има завршено правни науки, економски или организациони науки и управување и најмалку пет години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во јавен сектор…

Се бара и помлад соработник за односи со јавност и меѓународна соработка за плата од 23.934 денари, соработник и помлад соработник за финансиско работење, сметководител, советник за судски постапки, виш референт за архивско и канцелариско работење, помлад соработник за софтвер, соработник за планирање и спроведување на постапката за јавни набавки, помлад референт за внатрешна контрола…

Рокот за пријавување е 15 дена од денот на објавувањето на огласот. Пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја следна фаза од постапката за селекција на административен службеник, на интернет страницата на Агeнцијата за администрација.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Бесплатен јавен превоз за студентите ќе има, Владата донесе одлука да му префрли 120 милиони денари на ЈСП

Предраг Петровиќ

Албански државјанин ограбил две жени во автобус на ЈСП

Горан Наумовски

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол

Приватните превозници во Скопје повторно се исклучија од сообраќај

Град Скопје: Срамно е да се злоупотребува најзагрозеното малцинство за политички цели

Нормализиран автобускиот сообраќај во Скопје, нафтата се испорачува сукцесивно