За петок одложен изборот на главниот ревизор на матичната собраниска Комисија

Од:

Претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата Илија Димовски за петок ги одложи петте продолженија на седниците на ова собраниско тело на барање на независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Димовски апелираше до пратениците до петок да се најде начин и да се разговара за заостанатите точки од дневен ред од овие пет седници на комисиите, особено за изборот на главен ревизор. Доколку Собранието не избере прв човек на Државниот завод за ревизија до 4 октомври постои опасност за блокада на работата на оваа институција.

Пратеникот Крсто Мукоски од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ побара одложување на денешните продолженија на Комисијата со образложение дека не е одговорено на нивното барање согласно Деловникот да биде направена правилна распределба на нивните пратеници во комисиите и другите собраниски тела.

Димовски констатираше дека нема проблем да го прифати нивното барање за одлагање на седниците, но предупреди дека јавниот притисок кон него како претседател на ова тело е континуирано насочен особено што од одлуките што ќе ги донесе оваа Комисија зависат кадровските решенија како за избор на главен ревизор, така и за АВМУ, МРТВ, Дирекцијата за заштита на лични податоци, Комисијата за спречување на дискриминација, за слободен пристап за информации од јавен карактер итн.

Тој побара од координаторите на пратеничките групи да се состанат до петок и да направат прераспределба на пратениците. Освен пратениците од независната пратеничка група во собраниски тела и комисии треба да бидат распоредени и тројцата нови пратеници.

Исто така, Димовски укажа дека и покрај тоа што во одредени комисии треба да се направи прераспределба на пратениците согласно сегашната структура на пратенички групи побара пратениците да имаат поголемо разбирање и да се овозможи и во такви услови Собранието да функционира. Како пример посочи на Комисијата со која што раководи дека во оваа Комисија нема мнозинство по настаните во партијата Беса што се рефлектира на нивната пратеничка група.

Продолженијата на седниците на Комисијата за прашања на изборите и именувањата Димовски ги закажа во петок во 10 часот.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски