За отпочнувањето на преговорите со ЕУ и очекувам поддршка и од опозицијата, вели Таравари

Од:

Министерот за здравство Арбен Таравари е оптимист за отпочнување на преговори со ЕУ и очекува поддршка и од опозицијата. По денешната посета на Општата болница во Гостивар, тој нагласи дека владеачкото мнозинство е проевропски ориентирано.

– Јас сум оптимист дека ќе имаме меѓусебна соработка и знам дека владејачкото мнозинство е проевропски ориентирано. Тоа ме уверува дека наскоро ќе се отпочне со евроинтеграциските процеси, одговори Таравари на новинарско прашање за очекувањата од останатите политички субјекти за поддршка во процесот на уставни измени и евроинтеграциите на земјата, по последното соопштение од коалицијата ВЛЕН за уставните измени.

Таравари очекува поддршка и од опозицијата и уверен е дека сите албански партии ги поддржуваат уставните измени и оти никој од нив не би гласал против.

– Ако некој гласа против, тогаш тоа ќе биде парадокс. Г-дин Ахмети од 2002 година ги најавува тие преговори со ЕУ повеќе од две децении. Дури го опишуваше како летање со авион и дека тој лет е неизвесен. Сепак сметам дека наредната 2025 година ќе ги отпочнеме преговорите со ЕУ, рече Таравари.

Тој посочи дека актуелното државното раководство е насочено кон евроинтеграциите.

– Ме радува тоа што го слушнав во говорот во обраќањето на претседателката во парламентот, дека Македонија нема друг пат освен европскиот, а истото го повторува и премиерот. Сметам премиерот е во право кога бара некаква гаранција од Вашингтон, Брисел и Софија дека ова ќе биде последно условување. За да не ни се случи како во 2018 година кога четири-пет министри се сликаа во авион и најавија отпочнување на преговорите, но настанаа компликации, нагласи Таравари.

Би можело да ве интересира

Таравари: Алијансата за Албанците ќе оди со сопствени листи за локалните избори

Не преговараме со ДУИ, има две опции за изборите, едната е со Влен, втората е да настапиме сами, вели Таравари

Горан Наумовски

Таравари: Господинот Биљали не ги стави зборовите баш како што треба во реченицата

Таравари: Ќе се обидеме да најдеме заеднички јазик со коалицијата „Вреди“ за локалните избори

Горан Наумовски

Алијанса за Албанците бара нови истраги за претходните трагедии „Дурмо Турс“, „Беса Транс“ и „модуларната болница“ во Тетово

Таравари: Ние сме дел од ВЛЕН, ќе се трудиме до крај да најдеме решение, ако не сами ќе одиме на избори