За новогодишните празници во Скопје 40 сообраќајки

Од:

Сообраќајната полиција изминатите четири дена на подрачјето на Град Скопје изврши увид на вкупно 40 сообраќајни несреќи.

На 31 декември, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно 11 сообраќајни несреќи. Од нив, шест се со последица материјална штета и четири со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило и пет сопатници. Се случила и една несреќа со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден пешак.

На 1 јануари, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно седум сообраќајни несреќи. Од нив, една е со последица материјална штета и пет со последица телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобиле шест возачи на патничко моторно возило, двајца сопатници и еден пешак. Се случила и една несреќа со последица тешка телесна повреда, во која со тешки телесни повреди се здобил еден сопатник, а со телесни повреди еден возач на патничко моторно возило.

Сообраќајната полиција на 2 јануари изврши увид на вкупно седум сообраќајни несреќи. Од нив, пет се со последица материјална штета и две со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, двајца сопатници и еден пешак.

Вчера сообраќајната полиција изврши увид на вкупно 15 сообраќајни несреќи. Од нив, шест се со последица материјална штета и седум со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле четворица возачи на патничко моторно возило, двајца сопатници и тројца пешаци. Се случиле и две несреќи со последица тешка телесна повреда во кои со тешки телесни повреди се здобиле еден пешак и еден возач на патничко моторно возило.

Изминативе четири дена од сообраќајната полиција откриени и санкционирани се осум возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај. Дваесет и четири возачи не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото, како и четворица возачи кои не ги почитувале светлосните сообраќајните знаци на крстосниците.

За денеска нема најавено вонредни настани, со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош