За непрописно паркирање казни за 244 возила во Скопје

Од:

За непрописно паркирање викендов на подрачјето на Град Скопје изречени се мерки за 244 возила, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 37 возила.

Според полицискиот извештај на СВР Скопје, за време на викендот се случиле вкупно 15 сообраќајки од кои во две имало две потешко повредени лица. Во седум сообраќајки има полесно повредени лица, а во шест е причинета материјална штета.

За викендот евидентирани се 88 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај исклучени се 59 возачи кои возеле под дејство на алкохол, 20 возачи пред да се стекнат со правото за управување со моторно возило и седум возачи почетници. Исклучени од сообраќај се и 31 нерегистрирано возило и едно технички неисправно возило.

За време на викендот нема превземени мерки против пешаци.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски