За лицата кои негираат дека ги одбиле решенијата, ДСЗИ има писмен доказ за неуредна достава

Од:

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) соопшти дека има писмен доказ односно повратница од АД Пошта за неуредна достава на решенијата за самоизолација, а по реакциите на лицата кои негираат дека одбиле да ги примат решенијата.

„За сите лица објавени во списокот ДСЗИ има писмен доказ (повратница) од АД Пошта на РСМ за неуредна достава по неколку основи и тоа: непознат, се иселил, непотполна адреса, непозната адреса“, се наведува во соопштенито.

Од ДСЗИ велат дека податоците за лицата кои се објавени во списокот ги добива од ЈЗУ Институт за јавно здравје на РСМ, преку доставен список по електронски пат, од Центрите за јавно здравје, преку епидемиолошките анкети кои ги вршат епидемиолозите од центрите и ги доставуваат до ДСЗИ, потоа врз основа на изјави кои лицата ги пополнуваат при влез во РСМ, а ДСЗИ ги добива преку МВР и за лицата кои изгледуваат од државен карантин, преку списоци кои ДСЗИ ги добива преку Министерство за здравство.

ДСЗИ апелира сите граѓани да доставуваат точни податоци ( име и презиме, адреса на живеење, тел. за контакт и по можност email адреса) до здравствените работници кои ја обезбедуваат базата на податоци за издавање на решенија од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Би можело да ве интересира

Од понеделник Инспекторатот ќе изрекува забрани за прием на невакцинирани деца во градинките

Орце Костов

Здравствениот инспекторат ќе ги контролира вакциналните потврди за градинка, министерот ги прифати препораките

Катерина Ѓуровски

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

Орце Костов

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Затворени кујните во шест училишта во Карпош по појавата на салмонела

Инспекцијата влезе во Психијатриската болница Бардовци откако се појавија видеа со тепање пациенти

Катерина Ѓуровски