За излез на „Богородица“ и за влез на „Табановце“ се чека до половина час

Од:

На граничниот премин „Богородица“ е зголемена фреквенцијата на возила и за излез од државата попладнево се чека од 15 до 30 минути. На ГП „Табановце“ за влез во државата се чека околу 30 минути, соопшти Автомотосозјуот на Македонија.

На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од земјава. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ информира и дека патниот правец село Истибања – брана Калиманци е затворен за сообраќај за сите категории возила и се одвива по алтернативни патишта. За патнички и полутешки моторни возила сообраќајот ќе се одвива преку Виница – Бигла – Делчево, а за тешки товарни возила преку Виница – село Смојмирово – Делчево.

Би можело да ве интересира

На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека до еден час

АМСМ: Нема подолги задржувања на граничните премини

Косовец на полицаец му дал 10 евра поткуп, па завршил во станица

Горан Наумовски

За викендот рекордни над 11.000 патници на Г.П. „Блато“

Гужви на „Табановце“ и „Богородица“

Горан Наумовски

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата