За изборите досега акредитирани 300 домашни и 81 странски набљудувач

Од:

Државната изборна комисија (ДИК) досега има акредитирано 300 домашни и 81 странски набљудувач за предвремените парламентарни избори на 11 декември. На 6 декември завршува рокот за пријавување за набљудување на изборите според Роковникот на ДИК.

Според информацијата од веб-страницата на ДИК, засега најмногу домашни набљудувачи – 144 има акредитирано Здружението Национален ромски центар (НРЦ) – Куманово, Македонскиот центар за култура и развој 50 набљудувачи, Цивил – Центар за слобода – 46, Центарот за разбирање и институционална соработка – ЦРИС – 45 и НВО Мост – 15 набљудувачи.

Мисијата за набљудување на избори ОБСЕ/ОДИХР има 34 акредитирани монитори и 30 преведувачи, Советот за јавна дипломатија на Каталонија – Диплокат 15 набљудувачи и шест преведувачи, Комисијата за изборни жалби и приговори на Република Косово 10, Државната изборна комисија на Република Кореа – седум набљудувачи, Амбасадата на Република Словачка пет набљудувачи, Меѓународна соработка Југ Југ – тројца, Меѓународната фондација за изборни системи – ИФЕС – Канцеларија во Република Македонија, Амбасадата на Швајцарија и Централната изборна комисија на БиХ по двајца набљудувачи и Амбасадата на Република Словенија еден набљудувач.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември