За инцидентот во дискотеката „Мистик“ во Штип кривична против осум лица

Од:

Полицијата  целосно го расветли  инцидентот во дискотеката „Мистик“ во Штип, што се случи во утринските часови на 17 март и поднесе кривична пријава за осум лица осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело „насилство“.

Портпаролот на МВР Иво Котевски на денешната прес – кноференција информираше дека вчера од страна на СВР Штип е извршен преглед на лице место и фотографирање, за што е изготвена  службена документација и  фотодокументација.

За случајот „Мистик“ кривична пријава е поднесена против Н.М.(1987) од Штип, Н.Д.(1989) од Штип, Ц.Љ.(1990) од Скопје, А.С.(1977) од Штип, М.А.(1988) од Штип, К.Б.(1973) од Штип, М.Л.(1975) од Штип и Д.А.(1987) од Штип.

Од страна на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди, информираше Котески, ќе биде поднесена и кривична пријава против В.А. сменоводител во СВР Штип, поради основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластувањата“, додека против командирот на Полициската станица Штип и тројца полициски службеници ќе биде покрената дисциплинска постапка.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ