За Илинден редуциран јавниот автобуски превоз во Скопје

Од:

По повод националниот празник Илинден, автобусите на ЈСП-Скопје претстојните три дена ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Отстапки денеска ќе има кај автобусите со број 52, 53, 60, 61, 71, 74, 80А и 81 кои ќе сообраќаат по саботен возен ред. Ноќните линии ќе сообраќаат по возен ред како за петок спрема сабота. Линијата за Милениумски крст ќе сообраќа по неделен возен ред. Автобусот со број 59 од Кисела Вода и Ново Лисиче нема да сообраќа за гробиштата Бутел.

Во сабота отстапки од неделниот возен ред ќе има кај автобусите со број 15 и 15А, кои ќе сообраќаат по делничен возен ред, а автобусот со број 8 по саботен возен ред поради „Аква-паркот“.

Автобусите со број 47А, 52, 53, 55, 60, 61, 67, 71, 74, 80А и 81 ќе сообраќаат по саботен возен ред.

Во недела ќе се вози по стандардниот неделен возен ред.

Граѓаните во врска со превозот може да се информираат кај диспечер на телефонот 02/3173-224.

Би можело да ве интересира

За Бадник и Божик автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Автобусите на ЈСП денеска возат по неделен возен ред

Горан Наумовски

Тешко повреден маж од Скопје, паднал во автобус на ЈСП

ЈСП-Скопје тврди: Жичницата на Водно е безбедна, во моментот се врши сервис

Левица: 11 милиони денари наместо во ЈСП, ќе завршат во џебот на фирма блиска до Јанушев

А1он