За хаосот во ЈСП виновни се единствено ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, велат од СДСМ

Од:

ВМРО-ДПМНЕ е партијата која е единствено виновна за хаосот кој се случува во јавниот превоз во Скопје. Заради своите теснопартиски интереси, ВМРО-ДПМНЕ со години не набавува нови автобуси. Откако им пропаднаа зделките со Арсовска, ВМРО-ДПМНЕ ги малтретираат скопјани и го запустуваат јавното претпријатие.
По принципот или ние или никој, велат од СДСМ.

– ВМРО-ДПМНЕ го блокира градот, а состојбата со која сами си ги блокираат проектите кои ги ветиле, како набавка на нови автобуси е трагикомична. Откако Коце Трајановски го направи историски најлошиот потег со набавка на кинеските авотбуси кои се распаѓаат по улиците, сега имаме локална власт која е решена по секоја цена да го уништи претпријатието на кое му фалат до 50 автобуси нормално да функционира. Секојдневно сме сведоци на немили настани од преполни автобуси и луѓе кои колабираат од горештините додека ги чекаат автобусите кои доцнат и се преполни. За потсетување, локалната власт на СДСМ набави германски автобуси од марката МАН кои ден денес се симбол за квалитет во градскиот превоз, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски