За едно деноноќие 9 сообраќајки во Скопје, пајакот отстранил 53 возила

Од:

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди.

Од нив, три се со последица материјална штета и пет се со последица телесна повреда во кои со телесни повреди се здобиле четворица возачи на патничко моторно возило, еден возач со мотоцикл и еден сопатник.

Се случила и една сообраќајна незгода со тешки телесни повреди. Истата се случила во 11 часот и 20 минути на бул. „Никола Карев“ во близина на клучка Бит-пазар во која учествувале патничко моторно возило „опел вектра“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и пешак, граѓанин на Скопје. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случена е уште една незгода со мала материјална штета во која е пополнет Европскиот извештај.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се осум возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, шест возачи без возачка дозвола, 20 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење и 13 возачи кои не го користеле сигурносниот појас или, пак, го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото.

Со помош на специјалното возило „пајак“ беа отстранети 53 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај вчера одржа сообраќајна едукативна поука на која присуствуваа граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возач на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Би можело да ве интересира

Во недела ќе биде осветен Храмот „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје

„Орце за 72 часа ќе направи генералка во Скопје, а потоа ќе следи одговорност“, вели Мицкоски

Ѓорѓиевски најави пошумување на Скопје, како и 50 мали маалски паркови

Горан Наумовски

Мицкоски: Скопје денес е загубен во дневната политика, а жртва се граѓаните

72-годишен маж од Скопје починал на улица

СДСМ: Скопје се гуши поради неспособноста на власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ