За една година Кратово со нов колекторски и канализациски систем

Од:

Колекторски и канализациски систем во должина од два километра ќе биде изграден во Кратово за една година.

Премиерот Никола Груевски придружуван од министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и кратовскиот градоначалник Мите Андоновски денеска ги посети локациите каде се вршат активностите за изградба на колекторскиот и канализацискиот систем.

Вкупната инвестиција за проектот што се спроведува со финансии од Европската инвестициска банка, изнесува 69 милиони денари.

– Со години наназад не е реализирано толку значајна инвестиција за општина Кратово. Со изградбата на системот во должина од два километра ќе се реши целосно проблемот со канализацијата во Кратово и ќе се уреди речното корито, изјави министерот Јанакиески.

Според него, станува збор за многу значаен проект за Кратово што Министертвото за транспорт го спроведува заедно со општината и е дел од програмата на градоначалникот што ја поддржа Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Проектот се реализира во две фази. Изградбата на двата километра од системот се продолжение на веќе изградените 1,5 километри во првата фаза. Со профункционирањето на системот треба целосно да се надмине проблемот на куќите од ниската зона во градот кои се под нивото на постоечкиот канализациски систем. Тие куќи ќе бидат вклучени во новиот колекторски цевковод.

Првата фаза е реализирана со финансии од Министерството за транспорт и врски во износ од 12 милиони денари во периодот од 2008 до 2009 година.

Како дел од втората фаза досега се уредени градилиштата и е пренесена трасата од канализациската мрежа и заштитната бетонска конструкција од план на терен со геодетско снимање, извршен е ископ на земја на лентовидни темели во должина од 70 метри, поставена е и потребната арматура и е извршено бетонирање на темелите на таа должина. Армиран е и бетонскиот заштитен ѕид и е почнато ѕидањето на заштитниот ѕид со травертински камен.

Изведувач на активностите за изградба за колекторско канализацискиот систем е компанијата ТРАНСМЕТ ДОО.

Би можело да ве интересира

Жена од Скопје со „спарк“ излетала од пат во Кратово, со тешки повреди завршила во болница

Тројца повредени во сообраќајка во близина на Кратово

ОЈО: Маж од Кратово ја тепал и ја давел сопругата, таа се ослободила и со нож го убила него и неговиот татко

Горан Наумовски

МВР со детали за жената која ги избоде мажот и свекорот во Кратово

Двојно убиство во Кратово, 36-годишна жена со нож ги усмртила сопругот и свекорот

Педофил од Кратово силувал девојче од Пробиштип

А1он