За еден член од законот опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднела 222 амандмана

Од:

За еден член од законот за употреба на јазиците опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднела 222 амандмана, информира денеска на средба со новинарите собранискиот спикер, Талат Џафери.

„Во член 1 или во наслов има 33 амандмани, за член 9 има 222 амандмана, а овој член нема повеќе од 200 збора. Член 5 има 318 амандмани. Законот има 8 страници, по 500 збора, вкупно 4.000 збора. Фактички за 4.000 збора има 35 илјади амандмани. За член 22 има 33. 844 илјади амандмани“, додаде Џафери.

Кога зборуваме за процедурата, имаше амандмани во второ читање. Тука се употребува процедурата за да се направи политика, смета Џафери. Според него, одлуката за амандманите нема реална цел бидејќи опозиционерите ветиле дека нема да се донесе законот. Тој дополнува дека тоа не е прашање што го засега него како претседател на Собранието, туку на политичкиот субјект што ги поднел амандманите.

Претседателот на Собранието додаде дека досега се преведени 17.000 амандмани од над 35.000, што ги поднесе опозициската партија.

„Се работи за живи луѓе, не знаеме до кога ќе бидат преведени. Законот треба да биде донесен во рок од 30 дена. Тие амандмани се понесени за да не се донесе законот. Има процедурална форма, но целта е политичка“, рече Џафери.

Талат Џафери на денешниот брифинг со новинарите со своите изјави сугерира дека доколку ВМРО-ДПМНЕ како опозициска партија дејствува политички, со помош на амандманите ќе продолжи да ја блокира работата на Собранието, тогаш во тој случај ќе дејтсвува и тој и нема да толерира спроведување на амандаманите.

К. Ландов

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги