За два дена полицајците напишаа 1.336 парични казни и 212 прекршоци

Од:

Во деновите од изминатиот викенд како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализириаат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1.336 издадени платни налози дури 212 прекршоци се однесуваат на возачи кои што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола. Истовремено, 121 возач управувал под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, додека пак 106 возачи на мотоцикли се санкционирани заради неносење на заштитна кацига.

Инаку, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата 168 прекршоци во текот на викендот се однесуваат на непочитување на пропишаната брзина на движење, 173 за неправилно паркирање, додека пак прекршочно се казнети уште 100 лица кои некористеле сигурносен појас.
Изречени се 39 санкции за користење мобилен телефон при возење, 15 мерки за минување на црвено светло, а прекршочни санкции добиле и четворица пешаци и двајца возачи на електричен тротинет.

Исто така согласно Законот за возила, 42 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а само едно возило заради техничка неисправност.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за поголема безбедноста на патиштата.

Би можело да ве интересира

Приведен возач без дозвола и двајца малолетни сопатници, во возилото пронајден пит бул повреден во борба со кучиња

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Предраг Петровиќ

Акциска контрола низ државава: Казнети се 37 возачи на камиони

Горан Наумовски

Го запали својот автомобил, побегна и пукаше во полицијата

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

Српското МВР предупредува на нова лесно уверлива измама на WhatsApp