За два дена 27 сообраќајки на подрачјето на Скопје

Од:

Во текот на изминатите два дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 27 сообраќајни незгоди.

Во среда, 22 октомври извршен е увид на вкупно 16 сообраќајни незгоди. Од нив, седум се со последица материјална штета и шест се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле 11 лица.

Случена е и една незгода со последица телешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден пешак.

Во четврток, 23 октомври извршен е увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и шест со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле седум лица.

Случена е и една незгода со последица телешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден пешак.

Во текот на изминатите два дена од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се двајца возачи кои ги управувале возилата под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, четворица возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, двајца возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците и 16 возачи кои ги управувале возилата по истекот на важноста на сообраќајната дозвола и без возачка дозвола.

Со помош на специјалното возило „пајак“ од страна на сообраќајната полиција во текот на двата дена отстранети се 57 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во ОУ „Кузман Шапкарев“ во населба Драчево и во ОУ „Климент Охридски“ во населено место Драчево кои се наоѓаат на територијата на општина Кисела Вода.

За денеска со почеток во 20 часот и 15 минути во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во рамките на СЕХА лигата ќе се одигра меѓународен натпревар помеѓу Вардар и Татран Прешов, Словачка.

Во сабота, на 25 октомври ќе се одржи велосипедска трка под мотото „Трофеј Град Скопје 2014“ со почеток во 12 часот, а во 18 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во рамките на Лигата на шампионите ќе се одигра меѓународен натпревар помеѓу ЖРК Вардар и Турингер, Германија. Со цел непречено и безбедно одвивање на овие спортски манифестации од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а по потреба и пренасочување на сообраќајот.

Би можело да ве интересира

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство