За девет месеци од 2013 година собрани 525 единици крв во Гевгелија

Од:

Од спроведените акции во изминатите девет месеци од 2013-та година собрани се вкупно 525 единици крв, информираат од општинската организација на Црвениот крст.

Во текот на септември донирани се 28 единици крв во службата за трансфузиона медицина при општата болница во Гевгелија.

Бројката, посочуваат од општинската организација на Црвениот крст, не е рекордна во споредба со други години,но сепак се оценува како задоволителна.

Надлежните од гевгелискиот Црвен крст соопштија дека до крајот на годината ќе организираат уште четири дарителски акции во гимназиите во Гевгелија и Богданци,во текстилната фабрика „Бреботекс“ во Богданци и во хотелот „Аполонија“ во Гевгелија.

Би можело да ве интересира

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно

38-годишен маж од Гевгелија е пронајден мртов во семејниот дом

Во сообраќајка кај Гевгелија загина 19-годишник

А1он

Гевгеличанец лажел дека е полицаец и дека е роднина на повреден од Кочани

Возач на Итна помош истепал лекар во Гевгелија

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло