За да се создаде револт и не се гласа, во Капиштец со спреј нагрдени врати, ѕидови и улици

Од:

Еден од кандидатите за градоначалник  на Центар, информира дека активисти од другата партија за да создадат револт кај граѓаните, намерно со спреј  нагрдувале приватни врати, ѕидови, па дури и улици  во Капиштец со пораки со неговиот изборен број.

„Ова го прват на дрзок начин, исто како што во текот на вчерашниот ден нивни активисти делеа флаери низ општина Центар за да ги дезинформираат граѓаните дека не треба да се гласа денеска на 29 места во Центар, туку наредната недела.

Ова е со цел граѓаните да бидат заведени и денеска да не излезат на гласање. Се онеспособуваат и лифтовите во повисоките згради, за да се оневозможарт постарите луѓе да гласаат во општина Центар“, реагира кандидатот.

Денеска во општина Центар се прегласува на 28 избирачки места, по одлуката на Уставниот суд да уважи тужби на една партија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија