За четири лица кривична пријава за „тешка кражба“, за двајца други за „прикривање“

Од:

СВР-Скопје до надлежното Основно Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против лицата Д.Ф. (20) осомничен за извршени  седум кривични дела  „тешка кражба“, Д.О. (23), Б.С. (23) и М.Б. (16) за извршени по три кривични дела „тешка кражба“, како и против лицата И.Н. (21) за едно кривично дело „тешка кражба“ и Р.С. (44), Р.С. (30) и Г.А. (16) кои се сомничат за сторено кривично дело „прикривање“.

Пријавените, соопшти денеска МВР,кои кривичните дела ги извршиле во периодот од април минатата година до февруари годинава и тоа четири на подрачјето на Бит Пазар и три на подрачјето на Центар, се проценува дека се стекнале со противправна имотна корист од околу   2.614.637 денари.

Според документираните сознанија од истрагата, пријавените тешките кражби, една во стан и две во куќи, ги вршеле во вечерните часови откако ќе се увереле дека нема да бидат забележени и со употреба на сила и погоден алат влегувале во објектите од каде што одземале разни предмети: сервиси тањири , вилушки, разна гардероба и алати, а во еден случај однеле и 130 килограми бакар и околу 70 килограми месинг. Украдените предмети, стои во соопштението, ги препродавале на пазарот за стари работ на Кал,е а дел и на пријавениот Г.А., а парите ги трошеле за свои потреби.

Краделе и во останати објекти и тоа во Театарот Комедија и Албански театар и во фирмата Репро Принт ДООЕЛ Подружница на „Нова Македонија“ на ул. „Васил Ѓоргов“. Тие со употреба на физичка сила и насилно влечење ги откорнувале металните заштитни решетка кои биле поставени на прозорите, а потоа го кршеле и го отворале  прозорците се прекачувале и влегувале во објектите. Таму вршеле пребарување и претурање при што одзеле телевизори, ДВД плеер, тв ресивер, три мечеви, 12 лап-топ компујтери, разна фотографска опрема (апарати, торбици, објективи, блицеви и друго), а потоа  го напуштале  местото на настанот. Украдените предмети, се појаснува во сопштението од МВР, ги носеле во населбата Шуто Оризари и ги продавале на пријавениот  Р.С. за многу пониска сума од реалната, а добиените пари ги поделиле и ги потрошиле за свои лични потреби. И последната тешката кражба во моторното возило е извршена од страна на првопријавениот Д.Ф. на тој начин што со употреба на подесен алат и физичка сила ја отворил совозачката врата од возилото влегол внатре го откорнал и го одзел радио ЦД-то, и истото  го однел во населба Шуто Оризари и го продал на пазарот, а  парите ги потрошил за свои лични потреби.

Врз основа на наредба на Основен Суд Скопје 1 -Скопје  извршен е претрес во домот на пријавениот Р.С.при што кај него се пронајдени  дел од украдените предмети кои со потврди  се одземени и тие им се вратени на оштетените. Инаку Д.Ф. е познат извршител на кривични дела од областа на имотните деликти за што досега му се  поднесени шест кривични пријави, исто така и на Д.О поднесени му се четири кривични пријави од областа на имотните деликти, а кривично пријавувани преходно се и Б.С. со една кривична пријава, И.Н. тринаесет кривични пријави, Р.С. една, и М.М. две кривични пријави.

Би можело да ве интересира

Полициска акција низ скопски локали: Деветмина приведени, пронајдена дрога

ВИДЕО: „Дивиот“ забавен парк кај „Борис Трајковски“ ќе биде отстранет

МВР: Амбер Алерт Европа стартува со кампања низ цела Европа со совети како да се постапи во случај на исчезнато дете

Уапсен кавадарчанец кој му се заканувал на градоначалникот Јанчев

Кумановец загина во тешка сообраќајна несреќа кај Агино село

Пронашле граната, ја однеле во полициска станица во Берово