На Закир Беќири Чауш судот му ореди 2,5 години затвор и парична казна од 123.000 денари, а за неговиот брат Имер, една година затвор и 61.500 денари за случајот „Лажни лични карти“.
Двајцата се пуштени на слобода се до правосилнста на пресудата.
Обвинителката Наташа Гочовска на вчерашните завршни зборови рече дека сослушаните сведоци и вешти лица и изведените материјални докази, недвосмислено ги потврдуваат делата кои им се ставаат на товар на обвинетите.
Чауш во својот завршен збор рече дека не се чувствува виновен.