• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

За 3.500 евра месечно „Ла Тераца“ го доби Македонско село

by А1он09/04/2025 - 10:3909/04/2025 - 11:591417
Share0

Комплексот „Македонско село“ треба да биде отворено во јуни годинава, а нов концесионер е фирмата „Ла Тераца“. Овој комплекс не работи веќе седум години.

Добивај вести на вибер

На јавниот повик што го распиша Службата за општи и заеднички работи, се пријавиле две компании, а понудата на „Ла Тераца“ била најповолна. Информацијата за „360 степени“ ја потврди директорот на СОЗР Ивица Томовски.

Согласно договорот, сè што ќе се инвестира ќе остане во сопственост на државата. Цената за месечна кирија изнесува околу 3 500 евра.

-По седум години запуштеност, Македонско село повторно ќе заживее! Денеска ја потпишав одлуката за избор на најповолен понудувач за комплексот „Македонско село“. После години на затворање и уништување на сè што претставува културно наследство, идентитет и историја – конечно започнуваме ново поглавје. Со оваа одлука правиме сериозен чекор кон враќање на животот во еден уникатен простор кој ќе биде отворен за сите граѓани, туристи и љубители на традицијата. „Македонско село“ ќе стане повторно жив центар на култура, автентична архитектура и македонска традиција. Време е за обнова. Време е за гордост, објави Томовски вчера на Фејсбук.

СОЗР вчера соопшти дека Томовски ја потпишал одлуката за концесионер на комплексот, кој, како што се наведува во соопштението е избран на законски и транспарентен начин, по пат на електронско јавно наддавање, преку системот со кој управува и оперира Министерството за финансии.

Концесионерот има обврска да ги преземе сите потребни активности за оспособување на комплексот за почеток со работа од 1 јуни додаваат од СОЗР.

– После години на затворање и уништување на сè што претставува културно наследство, идентитет и историја – конечно започнуваме ново поглавје. Комплексот „Македонско село“ не функционира речиси седум години, откако претходните концесионери се повлекоа поради финансиски загуби, а во меѓувреме, СОЗР редовно ги исплатуваше трошоците за осигурување и обезбедување и практично имаше финансиски загуби од над 300.000 евра. Со изборот на концесионер, правиме сериозен чекор кон враќање на животот во еден уникатен простор кој ќе биде отворен за сите граѓани, туристи и љубители на традицијата, се наведува во соопштението од СОЗР.

Комплексот „Македонско село“, кој се наоѓа на падините на Водно, блиску до селото Нерези, се состои од 12 автентични куќи, со простории каде се претставени македонските занаети, делови се користат како хотелски соби, а некои имаат и ресторански дел.

Со реотворањето на комплексот, ќе бидат создадени услови за поттикнување на развојот на туризмот и зајакнување на локалната економија, отворање на нови работни места, а ќе биде унапреден и туристичкиот капацитет во Скопје што ќе влијае на зголемен број туристи не само во Скопје, воопшто и во земјава, истакнуваат од СОЗР.

makedonsko selo

Би можело да ве интересира

Повторно e отворен комплексот „Македонско село“

Горан Наумовски19/06/2025 - 14:28

Работна група ќе решава како да продолжи стопанисувањето со Македонско село во Нерези

Наум Локоски30/10/2018 - 18:43

Се затвора комплексот „Македонско село“, владина инвестиција од 6,5 милиони евра

Ана Ололовска17/10/2018 - 10:5017/10/2018 - 10:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен