За 24 часа во Скопје 11 сообраќајки

Од:

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди.

Од нив, шест се со последица материјална штета и две се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден сопатник на мотоцикл и еден велосипедист.

Се случиле и три незгоди со последица тешка телесна повреда во кои со тешки телесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, еден сопатник, еден возач на мотоцикл и еден патник во автобус, а со полесни повреди се здобил еден сопатник.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 20 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив девет возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, осум возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото, како и шест возачи кои со возилото непрописно се престроиле пред крстосница. Санкционирани се и пешаци и возачи на мопеди за сторени прекршоци по разни основи.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 38 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај ќе одржи сообраќајна поука со почеток во 19 часот во просториите на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот коишто сториле прекршоци во својство на пешаци.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје во рамки на проектот „Сообраќајна култура за децата во предучилишни установи“ ќе одржи едукативни работилници во детската градинка „Весели цветови“, објект „Кокиче“ која е наоѓа на подрачјето на општина Кисела Вода.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Би можело да ве интересира

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он

Едно лице загина, а осуммина се повредени во сообраќајна несреќа во БиХ

Горан Наумовски

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Седум навивачи на ПАОК загинаа во сообраќајка во близина на границата со Србија

Горан Наумовски

Петмина малолетници се повредени во сообраќајка во близина на Кочани

Горан Наумовски