За 24 часа два пати демолиран автомобилот на уредникот на ОхридСкај

Од:

На два пати, за само 24часа,возилото на Сашо Денесовски, главниот и одговорен уредник на порталот Охри Скај, е демолирано, објави редакцијата на порталот.

На 29-ти август, со нож биле искинати гумите на неговото возило, а следниот ден автомобилот бил повторно демолиран. Искршени се задното ветробранско стакло и дел од петтата врата. Автомобилот на Денесовски бил паркиран во дворот на неговата куќа.

Денесовски, случајот го пријавил во полиција. Од редакцијата на порталот и уредникот Сашо Денесовски апелираат до Секторот за внатрешни работи – Охрид и до МВР итно да се пронајде насилникот.

Би можело да ве интересира

Обвинителството започна истрага по ревизорскиот извештај на ДЗР за Општина Охрид

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид