За 24 часа 9 сообраќајки во Скопје, а санкционирани пет возачи

Од:

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди.

Од нив, три се со последица материјална штета и пет се со последица тешка телесна повреда во кои со тешки телесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило, двајца сопатници и еден пешак.

Се случила и една незгода со тешки телесни повреди во која со тешки телесни повреди се здобил еден сопатник, а со телесни повреди се здобиле еден возач на моторно возило и двајца сопатници.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште три незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се пет возачи кои ги управувале возилата под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, двајца возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, 29 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив 15 се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, како и осум пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафорот за пешаци.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни предавања со децата од предучилишна возраст во детската градинка „11 Октомври“, во објектите „Чаир “ и „Бутел 2“.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Во недела, 12 октомври, со почеток во 19 часот и 30 минути во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во рамките на Лигата на шампионите ќе се одигра меѓународен ракометен натпревар помеѓу РК Вардар и Рајн Некар, од Германија. Со цел непречено и безбедно одвивање на оваа спортска манифестација од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземани соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а по потреба и пренасочување на сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на патот Дебар-Струга, во прекин е сообраќајот

Загина возач на магистралниот пат Кочани – Штип

Четворица српски државјани повредени во сообраќајка во Црна Гора

(ВИДЕО) Седум лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа во близина на Јелоустоун во САД

Во судар на два мопеди загина 13-годишно дете, друг малолетник е тешко повреден

Петгодишно дете од Велес е повредено во сообраќајка, итно е пренесено на скопските Клиники