За 19 дена во Гевгелија опожарени 18 оџаци

Од:

Во изминативе 19 дена гевгелиските пожарникари дури 18 пати интервенирале на гасење запалени оџаци, најчесто на индивидуални станбени објекти, соопштија денеска од ТППЕ Гевгелија.

-Очигледно нашите навремени предупредување до граѓаните да ги исчистат оџаците пред почетокот на грејната сезона не допреле до до соптвениците на индивидуалните станбени објекти. За нивна среќа, нашите брзи интервенции спречија штетите од запалените оџаци да бидат многу мали и без последици по соседните објекти и пошироката околина, рече командирот Драги Делев.

Според него ниските температури биле главната причина за зголемено затоплување со печките на дрва и поголемо оптоварување на нечистите оџаци кое предизвикува нивно опожарување. Тој ги пофали станарите на колективните згради во Гевгелија кои навреме се подготвиле за грејната сезона.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци

(ВИДЕО) Густиот чад од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци предизвика паника кај локалното население

Се преврте цистерна на патот Гевгелија-Богданци, нафтата уште истекува, пожарот е изгаснат

Катерина Ѓуровски

Загина 37-годишен мотоциклист од Гевгелија

На две локации во Гевгелија се пронајдени починати двајца мажи

Горан Наумовски

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно