За 1,7 отсто помалку запишани студенти во 2020/2021 во однос на претходната академска година

Од:

На високите стручни школи и на факултетите во земјава, во академската 2020/2021 година се запишале 50 881 студент, што е помалку за 1,7 процент во однос на  2019/2020 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, повеќе од половина од вкупниот број запишани се студентки односно 29 482 или 57,9 отсто.

Најголем број студенти (83,8 проценти) се запишани на државните високообразовни установи, додека 15,5 проценти  на приватните високообразовни установи.

На прва година студии во 2020/2021 година се запишале 12 365 студенти или 24,3 отсто, соопшти ДЗС и посочува дека тука се опфатени и студентите што запишуваат прва година втор, трет и повеќепати.

Би можело да ве интересира

Рама повторно ги повика студентите на дијалог, овојпат на камена маса

Јаневска: Блиску сме до решение за студентскиот оброк, се разгледува ваучерски систем

Растат тензиите во Албанија: демонстранти ги запалија перничињата поставени како симболична покана за дијалог пред седиштето на Еди Рама

A1on

Левица: Планира ли некој да ја извести Јаневска дека студентскиот оброк, спротивно на Закон, три години не е покачен или свесно продолжува да лаже?!

Горан Наумовски

Левица: Три години студентскиот оброк e без усогласување, студентите се оштетени за 6,5 милиони евра

Горан Наумовски

Левица: ВМРОвскиот закон за студентски стандард со каталог на заострени казни го штити системот од студентите