(ВИДЕО) Вуинов: Емил Дончев и ДПМНЕ си ги остваруваат делата само за себе

Од:

Кандидатот на градоначалник на општина Виница од редовите на „Сојузот за иднината“, Венцо Вуинов посочи на неажурното работење на актуелниот градоначалник Емил Дончев. Вуинов рече дека Дончев воопшто не се грижи за граѓаните на Виница.

Започна кампањата за локалните избор и и нашиот заспан градоначалник Емил Дончев, во последните денови од својот мандат започна ископување за промена на водоводната инсталација во централното градско подрачје.

– Добро е што започна, но зошто мораше со работа да се стартува од улицата каде што живее директорот на ЈП Солидарност, Игор Спасовски. Овие луѓе околу градоначалникот Емил Дончев, мислат само за себе, а не за граѓаните на Виница. Зарем само тие треба да имаат здрава вода за пиење.

– Јас како градоначалник на општина Виница ќе се заложам старите водоводни линии да бидат заменети во целост, затоа што сите граѓани на Виница заслужуваат во 21 век да имаат здрава вода за пиење. Како што можете да видите почитувани мои виничани, Емил Дончев и ВМРО-ДПМНЕ делата си ги остваруваат само за себе, а не за сите граѓани на Виница“, изјави кандидатот на градоначалник на општина Виница од редовите на „Сојузот за иднината“, Венцо Вуинов.

Би можело да ве интересира

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно