Вучиќ и Сиљановска Давкова заедно во Прохор Пчински за Илинден

Од:

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, оствари телефонски разговор со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова.

„Срдечен разговор со претседателката Гордана Сиљановска Давкова за најважните прашања од нашите билатерални, особено економските односи, како и за местото на Србија и Северна Македонија на агендата на проширувањето на Европската унија и заемната поддршка на патот кон ЕУ.

Претседателката на Северна Македонија се заблагодари за помошта што Србија ја пружи во гаснењето на пожарот, а јас посочив дека важноста на регионалната соработка е во тоа што можеме да си помогнеме на најдобар и најбрз начин.

Се договоривме заедно да го посетиме манастирот Прохор Пчињски на Илинден, што исто така ќе биде одлична можност за дополнително зајакнување на врските меѓу нашите два народи.

Ја искористив приликата да го поканам мојата почитувана колешка да ја посети Србија, за да конкретизираме некои од плановите кои ќе ја подигнат нашата соработка на повисоко ниво“, напиша Вучиќ на Инстаграм.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова и Руте: Македонија е столб на безбедноста на Западен Балкан

Сиљановска-Давкова: Користењето владин авион е и поевтино од комерцијален лет

Вучиќ: Загрозени сме од воениот сојуз на Хрватска, Албанија и Косово, ќе ја браниме нашата територија

Катерина Ѓуровски

Сиљановска-Давкова: Измените во КЗ важат до донесување на новиот Кривичен законик

Сиљановска-Давкова ја посети шивалната во КПД Идризово: Секој заслужува втора животна шанса

Сиљановска-Давкова до СДСМ: Очекувам нови решенија и враќање како активен општествен фактор