Вучиќ: Американците создаваат блок во Европа

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека динамиката на односот на Србија со Европа ќе се промени во наредните месеци и сака да се надева дека тоа ќе биде во позитивно светло.

– Мислам дека тоа мора да се случи веќе во јуни, бидејќи Украина нема лесно да победи во воена смисла, тоа е речиси невозможно, очекувам дека ќе добие голема динамика на европскиот пат. Мислам дека ќе се донесат одлуки за итен почеток на преговорите и итен влез во ЕУ. Американците создаваат блок во Европа, посебен блок кој ќе го сочинуваат Полска, балтичките земји и Украина. Ќе имате земји кои се поголеми од Франција во однос на населението. Ако на тоа се додаде и Романија, тогаш тој квинтет или секстет станува најмоќен во Европа и е под директно влијание на Америка. Во самата Европа политичката карта ќе се промени – истакнува Вучиќ.

Тој притоа додаде:

– Мислам дека во меѓувреме ќе се случат уште многу. Актот на Бајден за намалување на инфлацијата, кој е генијален, со кој ги принудија компаниите од ЕУ да се преселат во Америка, сега ќе се договорат со Европа дека тоа не важи за европските земји. Ќе бидат потребни компании како Фолксваген и работни места. Ќе се согласат дека тоа не важи, но дека треба да спроведат мерки кон Кина кои ги спроведува и Америка – рече Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Имаме уште четири дена до затворањето на рафинеријата во Панчево

Горан Наумовски

Вучиќ: Заедно со народот, се борев и ја кренав Србија од пепелта

Горан Наумовски

Вучиќ: Западен Балкан припаѓа во ЕУ, треба да имаме отворени граници

Вучиќ за НИС: Имаме многу резерви, но тие нема да нè спасат, 37 дена сме под санкции

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Вучиќ: Милан Богдановиќ ме замоли наскоро да се сретнеме со него во Чациланд и му го ветив тоа

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: Го поздравувам процесот за ажурирање на список на гласачи и постигнатиот договор за Советот на РЕМ

Горан Наумовски