Второ прскање против комарци во Скопје

Од:

На подрачјето на Скопје ќе се изврши второто прскање против возрасни форми на комарци во 2014 година, од воздух и од земја. Авионското прскање ќе се изврши викендов, в сабота и в недела од 5.30 до 8 часот. Прскањето од земја ќе се одвива од 15 до 19 јуни, од 23 до 3 часот, наредниот ден.

– Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на авионската дезинсекција, прскањето ќе се изврши првиот нареден ден, во истиот термин. Во согласност со тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција, информира Град Скопје.

Градските власти ги информираат пчеларите на време да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Би можело да ве интересира

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски

Жена пријави физички напад врз ќерката од поранешниот сопруг во Скопје

Ѓорѓиевски: Скопје останува Европска престолнина на културата за 2028 година

Скопјанец со автомобил сакаше да повреди дечко и девојка од Италија, тврди Обвинителството