Второ пријавување во средните училишта во јунскиот уписен рок

Од:

Во средните училишта во Македонија утре и задутре е второто пријавување и запишување на ученици во јунскиот уписен рок за учебната 2013/2014 година.

Според информацијата на Министерството за образование и наука, по првото пријавување во јуни, има слободни места за 20.523 ученици.

Од нив 13.177 за настава на македонски јазик, 6.480 за настава на албански јазик, 804 за турски, 33 за српски јазик и 29 места за повторувачи. За гимназиско образование слободни се 5.611 места, а за стручно образование 14.890.

Во првото пријавување на првиот уписен рок, 24-ти и 25 јуни, се запишале 13.137 ученици – 5.780 во гимназиско и 7.311 во стручно образование.

Уписот е завршен за гимназиско образование во скопските училишта „Раде Јовчевски-Корчагин“, „Никола Карев“, „Орце Николов“ и во „Георги Димитров“. Завршен е и за здравствена струка во кумановското училиште „Наце Буѓони“ во паралелките на албански наставен јазик, во струшкото „Нико Нестор“ во паралелките на македонски наставен јазик, во „Димитар Влахов“ во Струмица. Слободни места нема ни во „Васил Антевски-Дрен“-Скопје за образовниот профил правен техничар (слободни места има само за економски техничар) и во паралелките на албански наставен јазик во „Арсени Јовков“-Скопје.

МОН соопшти дека во вкупниот број запишани ученици и слободни места за второто пријавување не е пресметан бројот на учениците од средните училишта од уметностите (музичка и ликовна) и од спортската гимназија, зашто во нив се полагаат дополнителни испити.

Резултатите од запишувањето и слободните места од второто пријавување во јуни ќе бидат објавени на 4 јули.

Оваа година осмо одделение завршија 22.900 ученици, а со Конкурсот за запишување во јавните средни училишта во 2013/2014 обезбедени се 34.971 слободно место. Од 2008/2009 година средното образование е задолжително во Македонија.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска