Второ дополнето издание на Прирачникот за парламентарните избори 2016

Од:

Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер го подготви Второто дополнето издание на Прирачникот за парламентарните избори во Република Македонија во 2016.

„Во ова издание на Прирачникот можете да ги добиете сите релевантни информации за изборниот процес, легислативата, начинот на гласање изборниот модел, за листите на партиите и нивните носители како и за причните кои доведоа до овие предвремени парламентарни избори.

Изданието ги содржи и крајните резултати од спроведените избори, распределбата на мандатите и оценките за спроведувањето на изборите од страна на партиите учесници како и на релевантните набљудувачки мисии и организации.

Во прирачникот се обработени и сите досегашни изборни циклуси од прогласувањето на независноста до денеска“ соопштија од Институтот за демократија.

Прирачникот е достапен на македонски, албански и англиски јазик.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија