Втора сесија на меѓуопштинскиот форум на Делчево и Македонска Каменица

Од:

Во спомен домот на АСНОМ денеска се одржа втората сесија од Форумот на заедницата за двете соседни општини Делчево и Македонска Каменица на тема Собирање на сметот.

Темата на форумот ја презентираше модераторот Гонце Јаковлеска од Македонскиот центар за меѓународна соработка, а во името на градот домаќин гостите и учесниците на Форумот ги поздрави градоначалникот на Делчево, Дарко Шехтански.

Комодераторот Виктор Анастасовски во своето излагање констатира дека и во Делчево и во Македонска Каменица не се врши селектирање на отпадот, дека депониите за одлагање на сметот не се според стандардите и прописите и дека возниот парк на Јавните комунални претпријатија и во двете општини е застарен.

Откако Форумот ќе ги дефинира проектите, ќе биде направена динамика за нивно решавање со средства од донацијата на Швајцарија во износ од 340.000 илјади евра, и со издвојување од општинските буџети исто толкава сума, односно по 170.000 илјади евра.

Во почетокот на идниот месец ќе се одржи и третата форумска сесија, чиј домаќин ќе биде Општината Македонска Каменица.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Делчево: Нема никаква злоупотреба на службена положба, постапив според закон

А1он

Градоначалник на Делчево незаконски вработил лице кое по закон требало да биде пензионер

Поради сообраќајка во прекин е сообраќајот на патот Македонска Каменица – Делчево

Маж од Делчево на сопругата и на ќерката им испраќал заканувачки и невредливи пораки

Задутре времен застој на Г.П. „Делчево” заради градежни работи

Стан изгоре во пожар во Делчево