Втора фаза од проектот за проширување на патот кон Теферич

Од:

Почна реализацијата на втората фаза од проектот за проширување на патот кон рекреативниот центар Теферич. Предвидено е проширување на 500 метри од патот, колку што беа опфатени и во првата фаза минатата година од црквата „Свето Преображение” кон населбата Пржино.

– Ова е реализација на втората фаза на проширување на патот кон Теферич која освен проширувањето, ќе опфати и поставување нов асфалт, изработка на тротоар од левата страна и негово поплочување со бекатон плочи, во должина од нови 500 метри, рече при денешниот увид наградежните работи градоначалничката на општина Кисела вода Билјана Беличанец Алексиќ.

Ова, посочи, е втор начин како да се дојде до Припор, до Сопиште и до другите населени места во Сопиште, освен преку главната делница сообраќајница „Христо Татарчев”.

Со проектот се предвидува и трета фаза, за која општината ќе аплицира веќе следната година и која, ако повторно биде поддржана, ќе овозможи проширување на последните 300 до 350 метри од патот. Со проектот е предвидено и поставување на осветлување, за што следната година треба да почне тендерска постапка.

-Вкупната вредност на втората фаза на проектот изнесува 6.650.000 денари од кои 5.539.797 ден се обезбедени од Бирото за регионален развој, а 1.100.000 денари обебзеди општина Кисела Вода. Скопскиот плански регион, како носител на проектот, преку Министерството за локална самоуправа, Бирото за регионален развој, досега има инвестирано околу 11 милиони денари.

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот