Втор уписен рок за средно образование, слободни 20.089 места

Од:

Во средните училишта низ Македонија денеска е втор уписен рок и нова можност  за осмоодделенците кои не се запишаа во средно на двете пријавуња во јуни.  Резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени утре на огласните табли во училиштата.

Според податоците на Министерството за образование и наука, во вториот, августовски рок, има вкупно 20.089 слободни места. Од нив, 13.347 се за настава на македонски јазик, 5.969 на албански, 739 на турски и 34 на српски наставен јазик.

Според видот на образованието, во гимназиите има 5.127 места (3.260 на македонски, 1.576 на албански, 257 на турски и 34 на српски јазик).

Во средните стручни училишта вкупно се слободни 14.818 места (9.981 за македонски наставен јазик, 4.355 за албански и 482 за турски јазик).

Во уметничкото образование слободни се 107 места – 69 за настава на македонски јазик и 38 за албански наставен јазик. Во Спортската академија се слободни 37 места.

МОН информираше дека во сите општини  во Република Македонија има слободни места за запишување на ученици во вториот уписен рок.

Министерот Абдилаќим Адеми на прес-конференција апелираше до сите осмоодделенци да изберат стручно образование, бидејќи се поголем број компании бараат добро оспособен и технички едуциран кадар, кој може да одговори на предизвикот на брзиот развој на технологијата.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска