Втор „SPEECH4INCLUSION” за инклузивно образование

Од:

Во организација на Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ денеска ќе биде одржано второто издание на инспиративниот настан за инклузивно образование „Speech4Inclusion”.

Второто издание на “Speech4Inclusion”, како што информираат организаторите, е по повод завршувањето на проектот „Инклузивни партнерства во заедниците“, како и Светскиот ден на социјалната правда.

На настанот, соопштуваат организаторите, своите кратки инспиративни приказни за инклузивното образование и општество ќе ги споделат еминентни практичари, активисти, родители и ученици.

Проектот „Инклузивни партнерства во заедниците“ ја поддржува инклузијата во образованието и процесот на вработување преку достапни локални услуги дизајнирани по мерка на децата и младите со опреченост.

Овој проект го спроведува Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ со поддршка од Европската Унија.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска