Втор круг од локалните избори

Од:

Во Македонија денеска се одржува вториот круг од локалните избори. Градоначалници ќе се бираат во 29 општини и во Градот Скопје, а првиот круг ќе се прегласува на три избирачки места во Струмица и на едно во Општина Долнени.

Гласањето започна во 7 часот, а завршува во 19 часот. На избирачите затекнати во објектот каде што се гласа им се озвозможува да гласаат.

Право на глас во вториот круг од изборите имаат милион 103 илјади и 175 граѓани на 1.614 избирачки места.

Втор круг гласање ќе има во Арачиново, Берово, Битола, Богданци, Брвеница, Бутел, Велес, Врапчиште, Гостивар, Дебарца, Делчево, Ѓорче Петров, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Карпош, Кочани, Куманово, Лозово, Могила, Ресен Старо Нагоричане, Струга, Студеничани, Теарце, Тетово, Центар, Чаир, Чешиново-Облешево и Градот Скопје.

Во Струмица првиот круг ќе се прегласува на избирачките места 1727, 1730 и 1734, каде има вкупно 3.255 гласачи, а во Долнени на избирачкото место 1.473.

Во Градот Скопје на 536 избирачки места право на глас, според избирачкиот список, имаат 444.259.
Вчера право на глас имаа затворениците, болните и немоќните, лицата во куќен притвор и внатрешно раселените лица.

Граѓанската асоцијација МОСТ со 2080 набљудувачи ќе го следи гласањето во вториот круг од локалните избори. Со нив ќе бидат покриени 50 до 60 отсто од 1.614 избирачки места. Мисијата на ОБСЕ/ОДИР има 18 долгорочни набљудувачи, но не соопшти со колку краткорочни ќе ги набљудува изборите.

Гласањето во првиот круг од локалните избори заврши во вкупно 49 општини.

Ова се петти локални избори во Македонија. Првите по независноста се одржаа во 1996, во 2000, во 2005, а последните во 2009 година.

Би можело да ве интересира

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

Анкети: Екстремно десничарската Партија на слободата на Австрија победи на изборите

ВИДЕО: Го натераа Џо Бајден да стави капа „Трамп 2024“