Втор извештај за работата на регулаторните тела за медиуми

Од:

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) му доделила донација на пливачкиот клуб „Бета“, но јавноста нема информации за колкава сума се работи, ниту пак, за што точно се донираат средствата, покажува извештајот за ефикасноста, ефективност, транспарентноста и одговорноста на регулаторните медиуми за вториот квартал годинава подготвен од Центарот за европски стратегии „Евротинк“, НВО Инфо центар, Транспарентност Македонија и Хелсиншкиот комитет за човековите права.

– Ставката на донации на АЕК е намалена од предвидените 75 милиони денари на 4.615.000 денари. Најголемо зголемување за над 91 милион денари има за изградбата на антенскиот столб на Водно со што вкупно за оваа година е предвидено да се потрешат повеќе од 194 милиони денари, рече Горан Лазаров, проектен координатор од „Евротинк“.

Во буџетот на АЕК, како што рече, годинава се префрлени над 53 милиони денари нереализирани средства од изминатите години, со што вкупните приходи на АЕК за 2017 ќе изнесуваат над 545 милиони денари.

Мониторингот утврдил дека трите интернет страници на АЕК се збунувачки поради што се препорачува на главната страница www.aek.mk на повидно место да бидат лоцијарни останатите две komuniciraj.mk i e-agencija со оглед дека преку нив може да се поставуваат жалби, приговори, коментари. АЕК треба да се ангажира повеќе и за пласирање на информациите преку социјалните мрежи. На средбите со АЕК било отворено и прашањето зошто се уште нема трет оператор, на што е добиен одговор дека е напревно се во таа насока и оти имало потенцијални кандидати, но поради политичката криза не влегле на македонскиот пазар.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), пак, според извештајот, одржува солидно ниво на транспарентност и отчетност.

Како што потенцира Билјана Бејкова, извршен директор на НВО инфорцентар, во периодот на мониторингот како исклучително важно повторно се наметна прашањето за потребата од целосна политичко-партиска независност на АВМУ.

– Со Планот за реформи 3-6-9 што го донесе Владата во овој период најави измени на законската регулатива во изборот на членови на Советот на АВМУ врз основа на заслуги. Во меѓувреме и неколку медиумски организаци побараа законски измени за начинот на предлагање и именување членови на Советот, а АВМУ апелираше на инклузивен и транспарентен процес за законските измени, наведе Бејкова.

Таа додаде дека врз ефикасноста многу влијаат разликите што постојат во препознавањето на говорот на омраза, односно дека Агенцијата покажува поголема проактивност во препознавањето на говорот на омраза но тоа не го следат Комисијата за заштита од дискриминација, ниту Основното јавно обвинителство.

Од аспект на ефикасноста во овој период влијаела и одлуката на Советот на АВМУ да не се објави конкурс за доделување дозвола за телевизиско емитување на државно ниво заради надминување на роковите и распишување на изборите.

Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

A1on