Втор ден од семинарот „Отворен парламент – Транспаретност на парламентарните активности“

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска продолжува семинарот со пратеници од земјите – пристапнички и од Европскиот парламент насловен „Отворен парламент – Транспаретност на парламентарните активности“.

Потпретседателот на ЕП Ласло Сурјан и пратениците ќе зборуваат за поврзаноста меѓу парламентарците и граѓаните, а темите за кои во текот на денот ќе се дебатираат се поврзани со ИТ како клучна алка за парламентите и клуч за граѓаните за што ќе зборува Рејнер Виланд, потпретседател на ЕП.

Дубравка Грчиќ од Центарот за истражување, транспарентност и одговорност (ЦРТА) – членка на Глобалната мрежа на парламентарни мониторинг организации ќе го презентира извештајот за тоа колку парламентите од Западен Балкан и Турција се отворени кон нивните граѓани.

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он